Безживотно машко тело е пронајдено вечерва кај рампата за влез во познат хотелски комплекс во Охрид, нешто пред 20 часот. Екипи на итната медицинска помош и службеници од Министерството за внатрешни работи извршуваат увид на лице место. Дознаваме дека нема траги на насилство.
Oд СВР Охрид ја потврдија информацијата и најавуваат повеќе информации за во текот на утрешниот ден.












