АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш на терен за санирање на состојбата по денешното невреме

После денешното невреме кое го зафати охридскиот регион, проследено со обилни врнежи од дожд и град и силен ветар, екипите на Ј.П.,,Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен за санирање на настанатите штети
🌳По каналот Студенчишта беше скршена гранка со која беше попречено движењето на пловните објекти по каналот
🛥️По интервенцијата на екипите од ,,Паркови и зеленило” и Ј.П,,Билјанини Извори” на тешко пристапниот терен, гранката е отстранета и водниот сообраќај по каналот е нормализиран
🧹Екипите задолжени за одржување на јавната чистота веднаш интервенираа на фреквентните јавни пешачки површини за чистење на наносите од земја и песок
💧Со цистерната асистиравме кај колективна зграда каде беше излеана канализација