Во четврток, на 27-ми март 2025 година, на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе пристигне првиот лет од Истанбул до Охрид на авиокомпанијата Turkish Airlines.
Се очекува на настанот да присуствуваат и премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски, Фатих Улусој, амбасадор на Република Турција во Република Македонија, Серкан Каптан, главен извршен директор на ТАВ Аеродроми и Билал Екси, главен извршен директор на Turkish Airlines.
Според најавите, четири пати неделно ќе се лета на релација Охрид-Истанбул. Turkish Airlines веќе од претходно закажа и пушти во продажба летови меѓу Истанбул и Охрид за летната сезона, 2025 година. Ќе се лета во понеделник, четврток, петок и недела со летала од типот Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900. Превозникот претходно аплицираше за државни субвенции за стартување на услугата.
