АктуелноОхрид

Приведено 47 годишно лице од струшкото село Подгорци кој претходно, во казиното го нарушил јавниот ред и мир

На 24.02.2025 во 00.30 часот пред казино на улица „Маркс и Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга приведоа (47) годишно лице од струшкото село Подгорци кој претходно, во казиното го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон персоналот и другите присутни во објектот. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.