АктуелноОхрид

Гореше трска во струшкиот крајбрежен појас покрај регионалниот пат Струга-Калишта

На 23.02.2025 во 18.00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на површина со трска во струшкиот крајбрежен појас на брегот на Охридското езеро, покрај регионалниот пат Струга-Калишта, настанал пожар. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

фото: Архива