АктуелноОхрид

Во тек зимските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид

Во тек се зимските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид на деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма  преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување  на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.

Овозможете му на Вашето дете да биде дел од најдобрата детска академија во светот!

За сите новозапишани ученици во овој циклус, кои едукацијата ќе ја започнат до 01.03.2025 година, Бреинобреин-Црвен крст Охрид овозможува 50% попуст за првиот месец од програмата.

Бреинобреин е единствена меѓународно признаена академија за ментална аритметика, со меѓународни признанија

  • „Best Kids Education Brand Award“
  • 18 години искуство
  • во повеќе од 45 држави
  • над 4.000.000 деца
  • интернационални натпревари
  • 2 Гинис рекорди
  • единствено во Бреинобреин е застапен НЛП метод за деца и мултитаскинг техники
  • билингвилна програма-англиски и македонски јазик

Детали за уписите и пријавување на телефоните 046 261909 или 078 227433, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-16 ч., а детални информации за оваа програма заинтересираните ќе можат да  добијат на отворениот ден за Бреинобреин програмата кој ќе се реализира на 08.02.2025 г. (сабота) од 12:00-14:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.