На 21.01.2025 во 09.15 часот, на магистралниот пат А2, кај сeлото Врбјани, општина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од лице на (39) г. од с.Стрелци, кичевско и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице на (72)г. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фолксваген бора“ , како и возачот на патничкото возило „фолксваген пасат“ и неговата сопатничка додека со телесни повреди се здобил возачот и другите сопатници , констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.