Синоќа со музичката програма започна Вевчанскиот карневал, едно од главните обележја на Република Македонија за празникот Св. Василиј, односно Василица. Настапија нашиот Пајак, Ареа и бендот Забрането пушење. Вечерва, по карневалските фешти ќе настапат Љубојна, Наум Петрески, оркестарот со зурли и тапани Вевчани, а по нив настап ќе имаат Перо Бели и Коки Биоритам.
Маските по традиција се чуваат во тајност, сé до дефилето на двете василичарски друштва од Горна и Долна маала, што ќе се одржи денеска во попладневните часови кога цело Вевчани станува еден голем театар на отворено и сета енергија на василичарите се впива во преубава атмосфера.
Манифестацијата завршува утре со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.