По вчерашната отслужена Богослужба во храмот Св. Никола во с. Враништа на малите дечина кои присуствуваа на Богослужбата им беше доделена сликовница „Христовото Раѓање“ од страна на отец Ристе Наумоски, кој ги подготви и отпечати сликовниците.
Во продолжение на настанот следуваше и кратка презентација .
Воедно како и во останатите градови и населени места така и во Враништа со полн ек течат подготовките за Божиќните празници со учење на неколку песни .
Во текот на вчерашниот ден беше накитена и елката во просториите на црквата ,а дружбата заврши со една игра каде секој од присутните си доби награда.
Ваквите активности кои траат постојано преку целата година , сега посебно го добиваат својот сјај со уште повеќе заедничко дружење на присутнуте во заедните црковни служби, особено во неделните денови.