АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Утре започнува празничниот проект во Охрид со театарската претстава „Добредојде Нова Годино“

Со детската театарска претстава „Добредојде Нова Годино“, утре на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во 12:30 часот започнува празничниот проект „Охридска новогодишна приказна“ во која ќе бидат опфатени 20 забавни настани посветени на најмладите.
Во рамки на утрешната програма, со почеток во 18:00 часот, исто така на градскиот плоштад дечињата ќе може да уживаат во театарската претстава за деца „Ех да може и во зима сладолед да има“.
Настаните се дел од Програмата за култура на Општина Охрид, која има за цел да ја збогати забавната програма за најмладата популација, во пресрет на новогодишните празници, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.