АктуелноОхрид

Се запалило возило сопственост на локалната самоуправа од Кичево

На 12.12.2024 во 07.08 часот во ОВР Кичево, (44) годишно лице од Кичево пријави дека, откако го стартувал возилото комбео „ивеко“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на локалната самоуправа од Кичево, настанал пожар. Повредени лица нема, интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, а увид на местото извршија полициски екипи.