АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Пецаков: Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион

Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето она кое што го правиме, вложуваме во спортската инфраструктура, некако како круна ќе ни дојде градскиот стадион кој што по завршување на комплетниот проект ќе биде со доволен број на седишта или над 8.000 седишта.
Со тоа стадионот ќе добие А лиценца за одигрување на натпревари на репрезентативно ниво и секако и меѓународни натпревари.
Исто така ќе добие и модерно осветлување, а следното кое што ќе го вложуваме тука ќе биде и нова трева со најнова технологија, нешто по принципот на спортскиот стадион во Скопје за да имаме што е можно подобри услови за спортистите, не само тука за локалните клубови туку и сите оние кои што ќе гостуваат или пак ќе доаѓаат на припреми во иднина.
Горд сум што Охрид и Македонија ќе добијат стадион по светски стандарди, најави на својата ФБ страна градоначалникот Кирил Пецаков.