На 82-годишна возраст денеска во Охрид почина познатиот охриѓанец, Симеон Ѓурчев, пренесува порталот Ohridpress.
Охриѓани ќе го паметат како успешен и реализиран човек, стопанственик со огромна љубов кон градот и езерото. Од својата седма година скока по светиот крст, а до скоро, секоја година се капеше во студените езерски води за големиот празник Богојавление Водици. Тој на јавноста и беше познат и како охриѓанецот кој традиционално со свечено одело скокаше во езерото после чинот на осветување и вадење на светиот крст од езерските води.
Најблиските кон вечното почивалиште ќе го испратат утре, понеделник, 9-ти декември 2024 година, од 13:00 до 13:30 часот.
Ohridpress.com.mk