АктуелноОхрид

Во полиција Струга донесено малолетно лице кое претходно се изгубило

На 07.12.2024 година во 21.20 часот, во ОВР Струга е донесено малолетно лице кое претходно, се изгубило.

 

Малолетникот, од страна на случаен минувач бил забележан на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, по што бил однесен во полициска станица и по преземените мерки, истиот е предаден на неговите родители.