Во рамки на одбележување на патрониот празник на Охрид со богата свечена програма учениците и наставниот кадар од основното училиште „Св. Климент Охридски“ во НУЦК „Григор Прличев“ го одбележаа својот патрон.
Свеченоста започна со националната и химната посветена на заштитникот, по што беше изведена „Песна за Охрид“, а третооделенците настапија со „Лебедово Езеро“. Петтооделенците ја одржаа Охридската визита, а учениците од петто, седмо и деветто оделение ја изиграапретставата, „Денот бел ни беше сон“, напиша во својата објава претседателот на Советот, Перчо Божиновски.
https://www.facebook.com/share/PPMmoWQ138d2jjbj/