Вчеравечер во Културно Информативениот Центар Скопје, Салон 19.19, се одржа Вечер на руски романси и поезија. Настапија добитниците на награди на Меѓународна Руска романсијада во Софија. Меѓу кои и Климент Ристески од Охрид, ученик на Државно Музичко Училиште Битола, со освоена Трета награда.

Свој настап имаа и деца кои рецитираа руска поезија од Толстој , како и деца кои учат руски јазик , пееа руски песни.

Корепетитор , пратење на клавир и водител на вечерта беше професорката по пијано Елена Силјановска од Националната оера и балет.











