АктуелноОхрид

Патот низ Националниот парк „Галичица“ затворен за сите видови сообраќај

Патот што поминува низ Националниот парк „Галичица“ ќе биде затворен за сите видови сообраќај поради зимските услови.

– Оваа одлука е со цел да се спречат потенцијални штети на патната инфраструктура и да се осигура безбедноста на посетителите, информираат од паркот.

Тимот на Националниот парк „Галичица“ ги потсетува граѓаните да ги планираат активностите во природа во согласност со зимските ограничувања. Додаваат дека за сите дополнителни прашања или информации, можат да ги контактираат на e-mail адресата galicica@galicica.org.mk. (Крај)

извор: ОхридПрес