АктуелноОхрид

Градоначалникот Пецаков се сретна со претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши

Во рамките на неговата посета на Охрид, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши денеска се сретна со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

– На средбата го информирав гостинот за начинот на функционирање на локалната власт. Како еден од најважните проекти на актуелното раководство беше издвоено целосното раздолжување на општината која од втора најзадолжена на ниво на државата, во моментов има позитивно салдо. Стана збор и за останатите крупни проекти за кои во тек се постапките за градба, катна гаража, основно училиште, прочистителна станица кај село Трпејца, изградба на плоштадот „Крушевска Република“ и Спортска сала во селото Лескоец. Заедно се сложивме дека Охрид, како посебна општина во однос на останатите, е најбитен туристички центар заштитен од УНЕСКО, кој одлично ја промовира државава во светов, вели Пецаков по средбата со Гаши.