АктуелноОхрид

Кривична пријава за Охриѓанец кој на друго лице од Охрид, му овозможил да користи марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. При контрола извршена во близина на хотел на охридското крајбрежје, полициски службеници го затекнале пријавениот како на друго лице од Охрид, му овозможил да користи марихуана, по што и двајцата беа лишени од слобода.