СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58 годишен жител од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На катарстарска парцела во Охрид, тој неовластено и без соодветно одобрение за градба, издадено од надлежен државен орган, изградил монтажен објект што било констатирано при инспекциски надзор од овластени лица од Одделението за инспекциски надзор во општина Охрид.