четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Сочувство од Рускиот Патријарх Кирил по повод упокојувањето на Митрополитот Тимотеј

Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус г.г. Кирил, на 27 ноември 2024 година упати писмо со сочувство до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод упокојувањето на митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј.

Во продолжение писмото го пренесуваме во целост.

До Неговото Блаженство,
Блаженејшиот Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски, Митрополит Скопски

Во името на епископатот, свештенството и верните чеда на Руската Православна Црква, како и во мое лично име, упатувам длабоко сочувство до Вашето Блаженство и членовите на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија по повод преставувањето на еден од најстарите нејзини архијереи – митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј.

Владиката беше човек со длабока вера, кој својот живот го посвети на работа за доброто на Македонското Православие. Имав чест лично да го познавам покојниот и неколкупати да се сретнам со него. Веста за неговото упокојување ја примив со болка во своето срце.

Господ Исус Христос, Воскресението и Животот (Јован 11, 25), нека ја упокои душата на новопреставениот архипастир во блажените населби на праведните, каде што нема болка, ни тага, ни воздивнување. Вечен и благ спомен!

Со братска љубов во Христа,