Високопреосвештениот Митрополит Бачки г. Иринеј од Српската православна црква упати писмо со сочувство до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за упокојувањето на Високопреосвештениот Митрополит Тимотеј.
Во продолжение ова писмо го пренесуваме во целост.
До Неговото Блаженство
Архиепископот охридски и македонски
Господин Стефан
Скопје
Ваше Блаженство,
Со тага ја примивме веста за упокојувањето на Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, со кого негуваме повеќедецениска искрена пријателска и братска врска во Христа Господа.
Се молиме на Бога, Седржителот и Творец Кој владее над живите и мртвите, да го упокои верниот Свој слуга во населбите на праведните, во прегратките на Авраам и да го приброи меѓу праведниците.
Ваше Блаженство, примете ги изразите на нашето најискрено сочувство по повод упокојувањето на блаженоупокоениот владика Тимотеј. Братски Ве молиме да ги пренесете изразите на сочувство до најблиските роднини на владиката Тимотеј, како и до полнотата на Вашата света Црква.
На Вашето Блаженство во Христос Господ
секогаш предаден брат и сослужител