четврток, ноември 28, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Ден на жалост во Охрид, денес ќе биде погребан владиката Тимотеј

На вчерашната вонредна седница на Советот на општина Охрид се одлучи 28 ноември да биде ден на жалост, по повод смртта на владиката Тимотеј.

Сите културни, забавни, спортски  и други настани и манифестации за утрешниот ден, ќе бидат откажани на целата територија на Општина Охрид.

Погребот на владиката Тимотеј ќе биде денес на Плаошник.