среда, ноември 20, 2024
АктуелноВидеаВидеоНаш изборНаш ИзборОхрид

Горан Петкоски – пица мајстор и едукатор на тимови во угостителски објекти

Горан Петкоски повеќе од 30 години прави пици и обучува нови генерации пица мајстори. Тој врши едукација на цел персонал за угостителски објекти ( пицерии, ресторани, „ланч“ барови ). Контакт со Горан на 072310194 или на Истаграм https://www.instagram.com/goran_d_t/  

Првите пици Горан ги направил пред триесетина години во тогашната пицерија „Дон Вито“ каде овој „занает“ го „крадејќи“ знаење од пица мајсторите кои тогаш биле ангажирани во тој објект.

„Гледав како прават и од тоа учев. Буквално гледајќи што прават , така научив како да работам и да ги правам пиците“ – вели Горан.

Горан вели дека после триесет години можеме да заклучиме дека угостителските објекти во Охрид се значајно унапредени, во сите објекти се користат нови технологии во кујните кои се многу поефикасни во производството на храната, а и самата услуга во објектите е унапредена.

„Единствено мислам дека можеби треба повеќе да се обрне внимание на кујните во рестораните, не во смисла на опременост, туку во смисла на тоа каде се лоцирани во објектот, да не се во некој подрум, во некој простор каде нема воздух. Сепак треба кујнуте да се пријатни простории за работа на оние кои во нив работат“ – вели Горан.

Тој нагласува дека основна работа за еден угостителски објект да има добар персонал, кој ќе биде уигран и објектот ќе функционира добро, се платите на врабнотените и дека без соодветни плати за кувари и келнери , објектите не можат да задржат квалитетен кадар и секогаш ќе се во фаза на обука на нови вработени.

„ Платите денес во угостителството се многу поголеми од порано и мислам дека еден пица мајстор може да има солидни примања. Воопшто во угостителството ако сте квалитетен пица мајстор или готвач можете да имате одлични месечни примања бидејќи тоа се барани професии“ – вели Горан.

Тој додава дека голем дел од тие кои ги учел на овој занает денес се надвор од Македонија и прават пици во други држави.

Горан покрај по пиците, во Охрид е познат и по љубовта кон моторите .

Горан Петкоски на својот „љубимец“
Горан Петкоски на својот „љубимец“

ВИДЕО