На 27.10.2024 во 10.30 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Св.Наум“ го приведоа германскиот државјанин Ј.Ф.Д.(51).
При контрола и преглед на патнички автомобил „шкода фабија“ со албански национални ознаки, што тој го управувал, полициските и царинските службеници во неговиот ранец пронајдоа и одзедоа марихуана.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.