На 26.10.2024 година во 20.35 часот, при контрола во близина на зграда, лоцирана на улицата „Никола Карев“ во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа најлонска кеса со 67 парчиња различни пиротехнички средства.
Дополнително, на првиот кат од зградата, пронајдени се остатоци од испукани пиротехнички средства. Потсетуваме дека, неовластената употреба на петарди на јавни места, е казниво дело и предизвикување општа опасност со која се загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните и може да предизвика сериозни телесни повреди.
СВР Охрид, во претстојниот период, ќе ги засилува контролите на јавните и населените места со цел, сузбивање на нелегалната трговија со пиротехника, согласно Кривичниот законик како и санкционирање на лица кои со пиротехниќки средства, го нарушуваат јавниот ред и мир.