АктуелноОхрид

Пожар во патничко возило со скопски таблички, паркирано во Пештани

На 27.10.2024 година во 00,20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во патнички автомобил „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.С.А.(35) од Скопје, кое било паркирано во охридското село Пештани, покрај регионалниот пат Охрид-Св.Наум, избувнал пожар.

Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. По насока на јавен обвинител, врз моторното возило ќе биде извршен вештачење.