АктуелноОхрид

Пецаков: Хуманитарна театарска претстава за нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска!

Општина Охрид во соработка со НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид / НТО, репризно ја организираат тетарската претстава „Кумови“. Парите од влезниците ќе бидат донирани за нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска со желба за брзо и успешно опоравување!
Претставата ќе се одигра на 25.10.2024 (петок) од 20:00 часот, цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.