ℹ️ Работен состанок за унапредување на јавната хигиена и заедничко решавање на проблемите со неправилно одлагање на отпадот ℹ️
🌍 Во насока на унапредување на јавната хигиена и заедничко решавање на проблемите со неправилното одлагање на отпадот, денес се одржа работен состанок помеѓу претставници на претпријатието, комуналните инспектори и инспекторот за домување при Општина Охрид. На состанокот присуствуваа и управителите на станбените згради од подрачјето на Општина Охрид
📑 Во конструктивна и работна атмосфера беа разгледани актуелните предизвици поврзани со создавањето на диви депонии, како и потребата од редовно и совесно депонирање на отпадот на соодветно определените места, односно во контејнерите наменети за таа цел
Учесниците на состанокот разговараа за можностите за подобрување на координацијата меѓу институциите, управителите на зградите и граѓаните, со цел навремено спречување на појавата на диви депонии и одржување на чиста и здрава животна средина
❗ Притоа беше истакната важноста од подигнување на јавната свест за правилно управување со отпадот, како и потребата од заедничка одговорност и активно учество на сите чинители во зачувувањето на комуналниот ред и чистотата во градот
🌍 Претпријатието и Општина Охрид ќе продолжат со интензивна соработка и преземање конкретни мерки насочени кон подобрување на состојбата со управувањето со отпадот и спречување на појавата на диви депонии
🤝 Заедно за почист и поуреден Охрид
Работен состанок за унапредување на јавната хигиена и заедничко решавање на проблемите со неправилно одлагање на отпадот
Редакцијајуни 24, 2026
posted on















