Наш изборНаш ИзборОхрид

Стружанецот Илирјан Асани освои второ место на престижниот Arnold Classic Festival Европа 2024.

Стружанецот Илирјан Асани го освои одличното второ место во категоријата Men`s Physique на престижниот Arnold Classic Festival Европа 2024.

Тој уште еднаш потврди дека е помеѓу елитата во својата категорија и ја претставуваше Република Македонија на Европското првенство, кое од 10-ти до 13-ти октомври се одржа во Мадрид, Шпанија.

– Илирјан Асани освои второ место на Арнолд Класик Европа 2024, Физик сениори. Катерина Попева двапати шесто пласирана, мастерс и сениори Боди-Фитнес. Честитки за постигнатиот успех, потенцираат од Бодибилдинг и фитнес Федерацијата на Република Македонија.

Неодамна, тој втора година по ред беше прогласен за апсолутен шампион во категоријата Men`s Physique Senior на Државното првенство во бодибилдинг и фитнес, кое во организација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Република Македонија, се одржа во Скопје.

 

ohridpress.com.mk