АктуелноОхрид

Избрани најдобрите литературни творби на конкурсот „Сите нијанси на есента во полиња и градини преполни со плодови бои“

Жири комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби и изврши избор на најдобрите литературни и ликовни трудови.

Од пристигнатите литературни творби награди освоија :
Прва награда во висина од 7.000,00 денари Виктор Милевски 14 години, ОУ„ Григор Прличев“ Охрид
Втора награда во висина од 5.000,00 денари, Лина Маркоска VIII одделение, од ОУ„ Кочо Рацин “ , Охрид
Трета награда во висина од 3.000,00 денари, Софија Миладиноска, 14 години, од ОУ„ Св Климент Охридски“, Охрид

Од пристигнатите ликовни творби награди освоија :
Прва награда во висина од 7.000,00 денари Софија Стефаноска, 14 години, од ОУ „Св. Климент Охридски“, Охрид
Втора награда во висина од 5.000,00 денари Марија Грозданоска, 7 години, од ОУ„ Христо Узунов “ , Охрид
Трета награда во висина од 3.000,00 денари Матеј Бакулески , 14 години , од ОУ„ Св. Наум Охридски“с. Пештани , Охрид

Се молат наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид , на ул. Димитар Влахов бр.57, Охрид, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот