АктуелноОхрид

Младински турнир во шах „Ласкер 2024“

Во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид и со поддршка на Општина Охрид вчера во просториите на ООУ „Братство Единство“ се одржа Младинскиот турнир во шах „ЛАСКЕР 2024“.

На турнирот учествуваа ученици од VII, VIII и IX одделение од охридските основни училишта. Во категоријата на девојчиња учествуваа 12 ученички, а во категоријата момчиња 40 ученици. Беа одиграни 6 кола по Швајцарски систем. Првото место во категоријата девојчиња и припадна на Јована Котушеска, ученичка во ООУ „Григор Прличев“, а во категоријата на момчињата првото место го освои Огнен Мојсоски, ученик во ООУ „Климент Охридски“.

Според планираното на 18-ти Октомври 2024 ќе се одржи шаховскиот турнир за учениците од IV, V и VI одделение.