четврток, ноември 21, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Туристичка на потегот од АСНОМ до Билјанини Извори вечерва без осветлување

Заради настанат дефектна мрежата на уличното осветлување на Булевар Туристичка на потегот од кружниот тек на пресекот со улицата АСНОМ, па се до бензиската кај Билјанини Извори вечерва нема да има улично о светлување.

Екипите на фирмата ИЦС Системи излегоа на терен, но заради обемот на дефектот вечерва истиот нема да се санира и ќе мора санација да се изврши во текот на утрешниот ден.

Претходно ИЦС Системи интервенира на осветлувањето во „Холандски Парк“ и дел од „Кеј Македонија“ каде исто така имаше дефекти кои се отстранети навреме.