АктуелноОхрид

(Видео) Нов лик на внатрешниот и надворешниот паркинг простор во кругот на ЈЗУ Општа Болница Охрид!

Нов лик на внатрешниот и надворешниот паркинг простор во кругот на ЈЗУ Општа Болница Охрид!

Благодарение на соработката помеѓу ЈЗУ Општа Болница Охрид и Општина Охрид беше извршено целосно асфалтирање на двата надворешни паркинг простора пред влезот на ЈЗУ ОБ Охрид, просторот пред Инситутот за Јавно здравје и Одделението за Инфектологија, паркинг просторот од споредниот влез на болницата (стара зграда за ТБЦ), паркинг просторот во внатрешноста на болницата како и улицата која води кон економската зграда. Исто така беа санирани и сите ударни дупки на главната улица која поминува низ болницата.

Со овој голем зафат значително се менува ликот на ЈЗУ ОБ Охрид која чекор по чекор ја добива сликата која ја заслужува најголемиот туристички центар во Република Македонија.

Во наредниот период следува комплетно доуредување и маркирање на просторот за паркирање надвор и во болницата и решавање на овој децениски проблем.

Раководството на ЈЗУ Општа Болница Охрид изразува искрена благодарност до Градоначалникот на Општина Охрид Д-р Кирил Пецаков и одговорните лица во Општина Охрид. Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид Markoski Goran

 

https://www.facebook.com/share/v/1JdZ9YE7Wz/