АктуелноОхрид

Малолетен пешак удрен од возило со скопски ознаки во Охрид

На 25.09.2024 во 14.45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(33) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.