АктуелноОхрид

Виктор Орбан доаѓа во Охрид во четврток и петок, потегот до Горна Порта се расчистува од автомобили, но, некој си направил живеалиште кај пешачката патека!

На 26 и 27 септември во дводневна официјална посета на Република Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската влада.

Од вчера на сите паркирани автомобили на улицата до Горна Порта полицијата поставува известувања автомобилите да бидат отстранети од овој потег поради безбесносни причини за делегациите кои ќе поминуваат. Известувањето е навремено, во секој случај, но загрижува тоа што на самата патека која мештаните, но и туристите ја користат за пешечење пред два дена е направено импровизирано живеалиште.Покриено е, но има и остатоци од храна и други реквизити, што покажува деке некој истото го користи како живеалиште.

Инаку Унгарската делегација доаѓа во четврток и петок. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствари официјална тет-а-тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила Охрид на 27 септември.

Дополнително, во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација, а на 27 септември со почеток во 10 часот ќе се одржи заедничка меѓувладина седница во хотелот „Инекс Олгица’ во Охрид.

По завршувањето на меѓувладината седница на истата локација се очекува да се одржи прес-конференција за медиуми со почеток во 12:15 часот, на која ќе се обратат двајцата претседатели на владите, Мицкоски и Орбан.

На маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во градот Охрид, посета на црквата „Богородица Перивлепта“, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“, а свежо цвеќе премиерите на двете земји ќе положат на споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.