АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Манастирска слава на Пресвета Богородица во Калишта, верници во голем број од сите страни

Денес е преполн со верници големиот велелепен храм посветена на Пресвета Богородица во Калишта.

Овој храм го празнува својот патрон на Светата Богомајка. Утото се одржа Света архиерејска литургија по која следуваше Света причест и крстење вода како и кревање на лебовите.

Воедно во рамките на празнувањето беше одржана и хуманитарна крводарителска акција, каде секој кој сакаше доброволно можеше да донира крв.