АктуелноОхрид

Орбан следната недела во дводневна посета на Македонија, средбите со Мицкоски во Охрид

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан следната недела ќе биде во посета на Македонија, тоа го најави вечерва и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во емисијата 360 степени на МРТ1.

Според информации на ТВ21, Орбан ќе биде во дводневна посета на Охрид, каде ќе биде дочекан од премиерот Христијан Мицкоски.

Дознаваме дека посетата ќе биде на 26 и 27-ми месецов.

Орбан не доаѓа сам. Ќе пристигнат и шест-седум министри.

извор: ТВ21