АктуелноОхрид

(ФОТО) Охридските пензионери прикажаа најафтентична староградска охридска песна и игра

На годинашниве 36ти Охридски староградски средби, што се одржаа на ден 13 септември, во одличната организација на Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид, на која зедоа учество поголем број на: ансамбли, пејачки групи, хорови и Културно Уметнички Душтва од нашашата земја и прикажаа квалитетна музичка програма.

Членовите на пензионерското културно уметничко друштво „Далги“ од Охрид, испеаја најавтентични песни за: Зарина, Кате, Мома крај извор седеше, сценски прикажаа дел од богатата охридска традиција: везењето на гергев, плетењето на цветни венчиња, го одиграа женското оро Сирто и Потскокнатото, но и оригиналното машко оро Чамчето.

Присутната публика со посебно задоволство и уживање ја проследи богатата изворна програма, која ги потсети на нашето традиционални минато кога се собирале на разни седенки, прослави, визити и поготово на Сараиште.

Уште едно големо браво и благодарност за пензионерите беше искажано со долготрањн аплауз од присутната публика во домот на културата во Охрид.

 

 

 

ЗП Комисија за информирање