На 12.09.2024 во 20.55 часот на улица „Никола Карев“ во Охрид, полициски службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 58 годишен жител од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и шишиња со течност помешана со зелена растителна материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид