Во организација на Суп клуб Охрид беше одржан рекреативниот настан „ Суп јога“ во водите на Охридското Езеро.
Продолжија натпреварите од „МЕЧ РЕЈС Европски куп 2024“ на кој се натпреваруваат екипи од Франција, Грција, Полска, Шпанија и Македонија.
Во рамки на едукативната програма на фестивалот вчера беше реализиран „Отворен ден“ во Хидробиолошкиот завод каде што најмладите имаа можност да се запознаат со научната дејност и да научат нешто повеќе за живиот свет во Охридското Езеро.
Во организација на Slow food Ohrid вчеравечер на платото пред хотелот „Палас“ беше одржана промоција на охридска традиционална храна и производи од овој регион.
Во организација на нуркачкиот клуб „Акватек“ вчеравечер беше отворена изложба под наслов „Нешто сино“ на која беа изложени фотографии од подводниот свет снимени на различни локации во езерото.
Публиката имаше можност да ужива во музичкиот дел од програмата за кој беа задолжени Наум Петрески, Милован Секулоски & Група Сарај.
Денеска на програмата се настаните:
Охридски пливачки маратон 2024 Св Наум – Охрид
МЕЧ РЕЈС Европски куп 2024
Доделување награди за најдобрите од Охридскиот маратон
Доделување награди за најдобрите од МЕЧ РЕЈС Европскиот куп
Изложба: Победниците на охридски пливачки маратон
Концерт: СУПЕРХИКС