АктуелноОхрид

(ФОТО) Скребатно се подготвува за големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица

Деновиве течат последните подготовки за големиот верски празник Голема Богородица, кој се празнува во селот Скребатно.

Домаќините во ова охридско село на големо ги прават последните подготовки околу кујнските места каде ќе биде спремен посниот ручек, со оглед на тоа што Голема Богородица се паѓа во среда.

Инаку селото Скребатно е најповеќе познато по оваа голема селска слава каде доаѓаат голем број верници, посетители, туристи да бидат дел од оваа голема верска прослава.

 

фото ФБ