Согласно законската обврска, ве известуваме дека поради подготвителни работи во врска со сценографијата и протоколот нa НУМ „Струшки вечери на поезијата“:
1.На 22.08. 2024 година во 15 часот планирано е да се затвори улицата за патни возила на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, пред платото на Центарот за култура поради организација и протокол за свеченото отварање и манифестацијата Меридијани, која ќе се oдржи истиот ден 22.8 (четврток) од 20:00 часот во главната сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.
2.На 24.8. 2024 година во 12 часот планирано е да се затвори улицата „Партизанска“ во Струга поради изведба на работи поврзани со поставување на сценографијата за свеченото затворање на фестивалот. Свеченото затворање е предвидено за 25.8.2024 година со почеток во 20:30 часот.
За овие планирани затворања на две улици изготвен е сообраќаен елаборат, за кој е добиена согласност од Општина Струга, а изготвено е одобрение од МВР СВР Охрид.