среда, ноември 27, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Дождот го изгасна пожарот на Галичица

Изгаснат е пожарот на Галичица откако во овој дел заврна дожд. Како што велат од Центарот за управување со кризи, на Галичица веќе нема оган, а под контрола е ставен и пожарот кај Јасен, кој гори 25 дена.

„Пожарот на територијата на Општина Долнени, кој се движи кон селото Зрзе, е тежок за гаснење и со голем обем, горат нискостеблесто растение и трева. Таму денеска е голем празник во манастирот и апелирам до сите верници да бидат внимателни. За селото Гари нема опасност бидејќи кракот кој се движеше натаму е изгаснат и сега гори во друг правец, но имаме најави дека и таму попладнево ќе заврне“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Нов пожар денеска изби на Плачковица, некаде на меѓата меѓу Штип и Општина Карбинци и таму е испратен еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Пожар има и во Општина Илинден, кај Миладиновци, во близина на „Окта“. Таму делува скопската Бригата за противпожарна заштита со помош на пошарникари од „Окта“.

Како што кажа Ангелов, повторно е активиран пожарот кај Пробиштип во близина на фотоволтаиците и се движи кон Злетово.

Заклучно со денешниот ден, на територијата на државата имало 667 пожари на отворен простор, од кои 98 шумски пожари и повеќето од нив тешки за гаснење.

 

ЦУК