среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Пецаков: Нека е за многу години Денот на Армијата нека е вечна Република Македонија

Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија.
Во мое лично име и во името на Општина Охрид, ви упатувам најискрени честитки по повод Денот на Армијата на Република Македонија.
Овој ден е посветен на вашата храброст и непоколеблива решителност, кои секојдневно ги покажувате во служба на нашата држава.
Вашата улога е од клучно значење за безбедноста и стабилноста на нашата нација. Ви посакуваме уште многу успешни години во служба на македонскиот народ.
Нека е за многу години Денот на Армијата нека е вечна Република Македонија, пишува градоначалникот Кирил Пецаков во својата објава.