Изворите во Горна Белица пресушија. Поради тоа, со пумпи, преку алтернативни начини, се полнат базените за вода за да има непрекинато водоснабдување на Струга и на околината со квалитетна вода за пиење, информираше директорот на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Дашмир Насуфи.
Поради таквата состојба, тој нагласи дека се принудени да прават и рестрикции во ноќните часови за да се наполнат резервоарите, за да биде стабилна состојбата во текот на денот.
Насуфи истакна дека свеста кај граѓаните сè уште не е на посакуваното ниво, бидејќи водата од градскиот водовод се користи за наводнување паркови, бавчи и за разладување на дворовите.
vecer.press