Денес во Центарот за обука на вода во Охрид, со почеток во 10.00 часот, во присуство на највисокиот воен и државен врв ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата.
Според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерот за одбрана Владо Мисајловски. На свеченоста ќе се изврши и церемонија на примопредавање на должност началник на генералштабот на Армијата како и обраќања на досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и новопоставениот началник на генералштабот, генерал- мајор Сашко Лафчиски, информираат од Министерството за одбрана.
На свеченоста, посочуваат, се поканети и се очекува да присуствуваат Претседателот на Владата, Христијан Мицковски, министри во Владата, пратеници во Собранието, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, пензионирани генерали, високи гости од повеќе институции во Републиката, командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор, Грегори Најт, дипломатскиот кор во Република Северна Македонија и други.
kurir.mk