сабота, ноември 23, 2024
Наш изборНаш ИзборОхрид

Кај двајца охриѓани при претрес во домот пронајдена бела прашкаста материја

На 09.08.2024 година во 23.20 часот, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, ги лишија од слобода лице на (33) години  и лице на (29) години , двајцата од Охрид.

При претрес во нивниот дом во Охрид, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се 11 опаковки со бела прашкаста материја и поголема сума пари во разни апоени.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.