На 09.08.2024 година во 15.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на локален пат во комплексот „Горица“ во Охрид, избувнал пожар во паркиран автомобил марка „Фиат Пунто“ со ресенски регистарски ознаки, сопственост на лице на (47) години од ресенското село Царев Двор.
Притоа, било опожарено и соседното паркирано возило „Шкода Фабија“ со скопски регистарски ознаки сопственост на З.С.(51) од Скопје.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.