Полицијата трага по лице кое подметнало пожар во депонијата Буково кај Охрид.
Лицето било забележано од други луѓе кои ја алармирале полицијата, која веднаш стапила во акција за пронаоѓање на лицето потпалувач на депонијата.
Депонијата во моментов гори, а пожарот не е проширен надвор од депонијата на околната шума.
Овој најнов подметнат пожар доаѓа само неколку часа од како во медиумите беше објавена информација дека со српскиот хеликоптер Супер Пума е изгаснат пожарот кој неколку дена беснееше блиску кај Косел.
Ohrid1.com Фото Архива